ВОНРЕДНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА РЕГИОНОТ: Следува ново РАЗОРНО НЕВРЕМЕ!

објавено на:

20 Јул 2023

од:

сподели:

По разорното невреме кое вчера ги зафати Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и соседна Србија, и однесе неколку човечки животи, а поголем број граѓани беа повредени, во текот на утрешниот ден, а особено вечерта и ноќта према сабота во овие делови очекуваме ново разорно невреме.

Во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина како и во северните предели од соседна Србија утре очекуваме ново разорно невреме, и тоа поради повеќедневните големи горештини кои ги зафатија овие предели. Утре од Алскиот регион према овие предели ќе продре голема влажна и нестабилна воздушна маса и истата ќе го донесе ова ново страшно невреме.

Можно е ново сериозно Суперќелијско невреме, па затоа граѓаните да бидат крајно претпазливи, особено апелираме на нашите граѓани кои се наоѓаат во овие земји. Од појави се очекуваат силни поројни врнежи од дожд, опасност од поплави, разорен ветер, силни и чести електрични празнења и појава на крупен град кој може да направи многу штети.

За голема среќа, нашата Македонија нема да биде зафатена од ова ново разорно невреме кое ќе го зафати регионот утре.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости