Водици 2026 ни носи ладно и суво време со температури до -10 степени
Денешниот ден 19 Јануари Богојавление Водици во Македонија ќе помине во знакот на стабилно, суво но ладно време со сончеви периоди. Територијата на Македонија ќе биде под влијание на ладна воздушна маса која продира од исток и од североисток и истата условува да имаме ниски температури со утрински мразеви и минусни температури на воздухот.
Денешното утро ќе донесе температури од -10 до 0 степени а на високите и планинските места температурата ќе се спушти и под -10 степени. Преку денот температурата ќе се искачи во интервалот од -2 до 7 степени а во Скопје и околината утрово температурата ќе се спушти до околу -4 степени а преку денот таа ќе достигне до околу 6 степени.
За време на денешниот празничен ден Водици ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Она што е најново на прогностичките материјали е тоа дека од 13 Јуни 2026 на Балканот и во Македонија е на повидок голема температурна аномалија и голем пад на температурите, невообичаен за месец јуни. Покрај ова би имале и пообилни врнежи и типично есеонско време во јуни, кога веќе е започнато и климатолошкото лето.
Балкан / Занимливости / Македонија / Прогноза


by