Во текот на викендов повторно ќе има многу дожд и локално невреме!
Викендов во нашата Република Македонија продолжува променливото време со честа појава на повремени врнежи од дожд во поголем дел од нашата Македонија. На повеќе места ќе има и развој на грмотевични облаци од кои ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Токму поради ова апелирам на поголема внимателност кај граѓаните. И во Скопскиот регион ќе има повремен локален дожд, а во делови од котлината ќе биде и нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Процесите и во делови од котлината би можеле да бидат застапени во форма на невреме.
Во текот на викендов локално повторно ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 литри на метар квадратен дожд).
Температурите остануваат без поголеми промени во однос на оние кои ги имавме изминатите денови, што значи останува релативно топло времето.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден Недела 17 Мај 2026 помина во знакот на релативно променливо и свежо време за месец Мај со температури кои беа под просекот за овој период од годината. Повремено дуваше засилен ветер од западен и од северозападен правец. На табелата можете да ги видите измерените максимални температури на воздухот денес во Македонија до 17 часот попладнево и тоа [...]


by