Во следните десетина денови без врнежи во Македонија и натпросечно топло време!

објавено на:

06 Окт 2023

од:

сподели:

Во Македонија и понатаму продолжува натпросечно топлото време преку ден, но наутро ќе биде доста свежо со минимални температури кој на повеќе места ќе се спуштаат под 10- степени, а во Малешевијата тие ќе се спуштат до околу 2-3 степени над нулата.

Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена, повремено и локално и позначителна облачност.

Во недела во најголем дел од државава ќе дува засилен ветер од северен правец, додека во понеделник ќе има краткотраен пад на температурата за 5 до 8 степени и тогаш максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот од 14 до 22 степени, потоа следува нов пораст на максималната температура (Мини лето).

Така нареченото Мини лето искористете го максимално, затоа што судејќи според долгорочните анализи на времето ни следува многу студена зима со многу снег.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости

  • 24 Мај 2026

    Деновиве голем дел од Европскиот Континет го зафаќа првиот голем топол бран за оваа сезона. Температурите во следните денови во голем дел од Европа ќе надминуваат 30 степени а на повеќето места тие ќе се искачат и близу 35 степени. Локално низ Европа температурите ќе надминат  и 35 степени, особено во западна  и во југозападна Европа. Како што претходно [...]