Во следните десетина денови без врнежи во Македонија и натпросечно топло време!
Во Македонија и понатаму продолжува натпросечно топлото време преку ден, но наутро ќе биде доста свежо со минимални температури кој на повеќе места ќе се спуштаат под 10- степени, а во Малешевијата тие ќе се спуштат до околу 2-3 степени над нулата.
Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.
Времето ќе биде сончево со мала до умерена, повремено и локално и позначителна облачност.
Во недела во најголем дел од државава ќе дува засилен ветер од северен правец, додека во понеделник ќе има краткотраен пад на температурата за 5 до 8 степени и тогаш максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот од 14 до 22 степени, потоа следува нов пораст на максималната температура (Мини лето).
Така нареченото Мини лето искористете го максимално, затоа што судејќи според долгорочните анализи на времето ни следува многу студена зима со многу снег.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во Македонија попладнево имаме изразена температура инверзија, односно котлините се под густа магла и ниска облачност, каде е многу ладно со минусни температури, додека на планините и на Скијачките центри може да се каже дека е пролет каде има и многу сонце со температури до околу, па дури и над 10 степени. На картата од Neverin.hr може да се [...]