ВО СЛЕДНИТЕ ЧАСОВИ ПРОДОЛЖУВААТ ОБИЛНИТЕ ВРНЕЖИ ВО МАКЕДОНИЈА: Можно е локално невреме
Циклонот од Средоземјето, преку Јадранот пристигна и во Македонија. До крајот на денешниот ден насекаде во Македонија овој циклонски систем ќе услови пообилните врнежи од дожд да продолжат. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2).
Локално можни се поинтензивни атмосферски процеси и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со појава на град. Апелираме во случај на појава на невреме да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
И во Скопскиот регион продолжуваат врнежите од дожд. Во делови од котлината тие ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со засилен ветер.
Што се однесува до температурите, тие денес ќе бидат значително пониски за разлика од оние кои ги имавме до вчера, и максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени.
На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС”, и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by