Во следните 24 часа во Македонија нови обилни врнежи!
Под влијание на голем влажен бран од југ и од југоисток, во следните 24 часа во нашата Република Македонија ќе имаме нови врнежи од дожд (повремено пообилни) а најобилни врнежи ќе има во јужната половина од Македонија каде локално ќе наврнат нови над 20 литри дожд на метар квадратен. Ќе дува северен и североисточен ветер кој повремено ќе засилува на интензитет.
Да напоменам дека локално е можна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На планините пак над 1600/1700 метри врнежите ќе бидат претежно од снег.
И во Скопскиот регион во следните 24 часа ќе има нови врнежи од дожд. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени, во Скопје и околината максимумот на температурата ќе се искачи до околу 15 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by