Во следните 12 часа нов бран на врнежи, грмежи и невреме доаѓаат во Македонија!
Во следните 12 часа од исток и од југоисток во Македонија ќе помине уште една доста влажна и нестабилна воздушна маса која на повеќе места кај нас ќе услови појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и со локална појава на град. Токму поради ваквата состојба, апелирам на поголема претплазливост кај граѓаните.
И во Скопскиот регион исто така за време на погоре споменатиот период ќе има појава на повремен локален дожд, а во делови од котлината ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Што се однесува до температурите, тие денес (недела 27 април) ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 24 степени, во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 24 степени.
На следниот линк можете да ја следете алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by