ВО СЛЕДНИОТ ПЕРИОД ЌЕ ИМАМЕ ПРОЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ – СЕПАК ЌЕ ИМА УСЛОВИ ЗА ПОВРЕМЕН ЛОКАЛЕН СЛАБ ДОЖД!

објавено на:

05 Мар 2023

од:

сподели:

Во Македонија продолжува периодот на променливо облачно време, од утре со повеќе сончеви периоди и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО и тоа поради продор на потопол воздух од југ. Ќе има појава и на повремен локален слаб дожд.

Денес ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во текот на новата седмица ветерот ќе го промени правецот во јужен и во југозападен и исто така повремено ќе засилува на интензитет.

Температурите наутро ќе бидат пониски и понекаде, особено во Малешевијата ќе се спуштаат под нулата, додека максималните ќе бидат во ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ и ќе бидат ПРОЛЕТНИ, односо истите ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат и до 18 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, од утре со повеќе сончеви периоди. Денес ќе дува умерен ветер од северен правец. Повремено ветерот ќе засилува на интензитет а од утре истиот ќе го промени правецот во југоисточен и исто така повремено ќе засилува на интензитет. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -1 и 3 степени, максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 11 и 15 степени.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!








Занимливости

  • 10 Јул 2025

    По екстремно високите летни температури, делови од австриските Алпи повторно се покриени со снег. Во планинските региони се регистрирани обилни снежни врнежи, при што на повисоките места падна од 30 до 80 сантиметри свеж снег. Најмногу снег падна во Зилерталските Алпи, како и во групите Глокнер и Венедиџер, на надморска височина околу 2800 метри. Во комбинација со силните северни [...]