Во Македонија следуваат температури дури до околу 30 степени, доаѓаат и дождови, грмежи и локално невреме!
До крајот на оваа работна седмица, односно до петок 14 март, во Македонија ќе имаме невообичаено топло време за овој период од годината и температури повисоки од просечните за овој дел од годината за околу, па и за повеќе од 10 степени. Температурите речиси насекаде во Македонија ќе надминуваат 20 степени, додека во Повардарието тие ќе се искачат дури и до околу 30 степени.
Што се однесува до времето, поради влијанието на длабокиот циклонски систем од Атлантикот, времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, а локално можни се поинтензивни Атмосферски процеси во форма на невреме.
Ќе дува засилен до повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина од над 75 км/час).
И во Скопје очекуваме слично време како и во останатите предели од нашата Македонија, тоа е променливо време со засилен, повремено силен ветер од јужен и од југоисточен правец. Повремено ќе има појава на локален дожд, кој во делови од котлината ќе биде пороен и со услови за појава на грмежи. Температурата во Скопје и околината за време на овој период ќе се искачува дсо околу, или ќе надминува 25 степени.
Да напоменам, поради очекуваниот силен ветер, граѓаните да внимаваат каде ги ставаат своите автомобили, односно истите да бидат подалеку од дрвјата, со цел да не дојде до штети на истите. Исто така, поради силното јужно и југозападно воздушно струење, од Сахара кон нашата Македонија и во следните денови ќе се врши трнаспорт на прашина и на песок, со што Атмосферата ќе биде заматена, а времето ќе биде многу мачно и спарно.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Како што претходно најавив, пред нас е ладна ноќ, а и утрешното утре (петок 21 март) ќе биде ладно со појава на умерено до јаки мразеви, и со температури кои буквално насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата. Времето ќе биде целосно ведро и без облачност, како и претежно тивко. Н следната метеоролошка карта можете да ги погледнете [...]