ВО МАКЕДОНИЈА ПРИСТИГНУВА СИЛЕН ЛАДЕН АТМОСФЕРСКИ ФРОНТ ОД СЕВЕР И ОД СЕВЕРОЗАПАД: Во среда ќе не зафати силно невреме – Од четврток значително заладување, а на планините ќе има и снег
Уживајте во вистинското летно време уште денес почитувани, максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, што значи дека денешниот ден ќе биде најтоплиот ден од овој топол Африкански бран.
Веќе утре попладне и навечер, во текот на ноќта кон среда, а особено во среда, поради спуштање на силен ладен Атмосферски фронт од север и од северозапад, во Македонија ќе дојде до создавање на локални, но силни грмотевични облаци.
![](https://meteoalarm.mk/wp-content/uploads/2024/04/437510674_7519262411522734_3304875374972149762_n.jpg)
Токму ова ќе услови врнежи од дожд, на повеќе места ќе има обилни врнежи и проследени со грмежи како и со силен јужен ветер (над 70 км/час). Локално овие просеци ќе бидат застапени во форма на поизразено невреме, проследено со силни електрични празнења, олуен ветер, обилен пороен дожд (над 30 л.м2), и силен град, особено во централните и во источната половина од државава.
Услови за локално невреме ќе има и во Скопскиот регион.
Потоа од четврток следува период на значително пониски температури (за повеќе од 10-15 степени во споредба со сегашните) и со повремени локални врнежи од дожд, а на планините ќе има и повремени врнежи од снег.
НАПОМЕНА: Во периодот од вторник доцна попладне , навечер, во текот на ноќта кон среда, а особено во среда, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Снежниот бран во Македонија ќе продолжи и во текот на претстојната ноќ, како и утре (понеделник). Но, до 16 часот од градовите највисока снежна покривка има во Штип, и тоа 30 сантиметри, додека од Скијачките центри скоро 70 сантиметри снег има на Попова Шапка. Температурите денес речиси насекаде се задржаа под нулата, а на планинските и Скијачките центри максималните [...]