ВНИМАВАЈТЕ: Македонија под влијание на екстремно топол бран!
Територијата на нашата Република Македонија во текот на оваа работна недела ќе биде под влијание на екстремно топол бран од југ, односно од Африка. Времето ќе биде сончево и екстремно топло со мала локална облачност. Повремено ќе засилува фенски ветер претежно од западен и од југозападен правец.
И во Скопскиот регион во текот на оваа работна недела времето ќе биде сончево и екстремно топло со мала локална облачност. Повремено ќе засилува фенски ветер претежно од западен и од југозападен правец.
Што се однесува до температурите, тие речиси насекаде ќе надминуваат 35 степени, а во Повардарието тие ќе надминуваат и 40 степени, односно, во Повардарието, вклучувајќи го и Скопскиот регион температуите ќе се искачуваат до околу 42/43 степени.
Ув индексот ќе има многу висока до екстремно висока вредност и ќе изнесува 9. Токму поради ова апелирам, граѓаните доколку немаат потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 10 до 17 часот) и да пијат повеќе течности.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро недела 25 Јануари 2026 во Македонија е претежно облачно и не многу ладно и е претежно суво засега. Дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец и истиот повремерно и локално засилува на интензитет. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени ова утро до 5 часот во Македонија. Може да видиме дека [...]


by