Македонија во жолта и во портокалова фаза: Обилни врнежи и можни поплави
Моќен циклон со центар над Џенова: На ден 26 Јануари 2026 понеделник целата територија на Македонија ќе биде во жолта и во портокалова предупредувачка фаза поради очекуваните обилни дождови, на планините над 1200/1300 метри надморска височина ќе врне снег.

Повремено ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец особено во Повардарието каде повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час а можна е и ретка појава на грмежи. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени а во Скопје и околината температурата денес ќе се искачи до околу 9 степени.
Поради очекуваните обилни врнежи во Македонија, повторно расте ризикот од зголемување на нивоата на реките и на езерата како и опасноста од излегвање на реките и поплави.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија Четврток 14 Мај 2026 донесе ведро време со мала локална облачност а беше и невообичаено свежо за месец мај со подпросечни температури на воздухот. Најладно ова утро беше на Попова Шапка со измерен само 1 степен. Од градовите во Берово се измерени најниски 5 степени, а и во повеќето градови ова утро се измерени исто [...]


by