Магливо е во котлините со намалена видливост, најтопло е во Гевгелија
Попладнево во Македонија имаме променливо облачно време со сончеви периоди а во дел од котлините има појава на магла и на зголемена ниска облачност. Не е многу ладно па така температурите ова попладне насекаде во Македонија се позитивни, односно над нулата.

На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени ова попладне до 13 часот во Македонија. Најниска температура од 0 степени е измерена во Тетово а највисока температура од 12 степени до 13 часот е измерена во Гевгелија.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by