ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ ВО МАКЕДОНИЈА – СЕ ОЧЕКУВААТ ТЕМПЕРАТУРИ ДУРИ ДО 22 СТЕПЕНИ!
Под влијание на ТОПЛА воздушна маса од југ, во Македонија продолжува периодот на стабилно, суво и претежно сончево време. Краткотрајно и локално зголемување на облачноста ќе има само утре.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец и истиот во текот на утрешниот ден Долж Повардарието и во источните предели повремено ќе биде ЗАСИЛЕН на интензитет.
Температурите ќе бидат НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен, додека во југоисточните предели температурата се очекува да се искачи и до 22 степени.
Во Скопје се очекува слично време со температури кој ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 17 и 19 степени.
Снежната покривка поради невообичаено високите температури на воздухот на планините и на Скијачките центри е ЗНАЧИТЕЛНО НАМАЛЕНА и на Попова Шапка истата изнесува 30 цм, во Маврово таа изнесува само 7 цм. Снежната покривка и понатаму ќе се намалува и тоа поради високите температури кој се очекуваат.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by