Викендов времето ќе биде многу посвежо, повремено ќе дува засилен северен ветер!
Викендов и тоа поради продор на значително посвежа воздушна маса од север времето во нашата Република Македонија ќе биде значително посвежо, особено наутро кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 18 степени. Преку ден пак температурите ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта до околу 14 степени, а преку ден таа ќе се искачува до околу 30 степени.
Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а денес (сабота 23 август) и тоа особено долж Повардарието повремено ќе дува засилен ветер од северен правец. Исто така денес (сабота 23 август) во попладневните часови во западните предели ќе има развој на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.
Во Скопје и околината пак ќе остане претежно стабилно и суво, а само во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд. Денес (сабота 23 август) во Скопје и околината повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во нашата Македонија ни донесе ладно време за овој период од годината со потпросечни температури на воздухот. Времето ова утро беше ведро со мала до умерена локална облачност, тоа значи дека облачноста во најголем дел од нашата Македонија значително се намали. На табелата можете да ги видите денешните минимални температури на воздухот измерени во нашата Македонија до [...]