АНТИЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Ни следуваат повеќе сонце и мало затоплување на времето!
Од утре (четврток 9 октомври па се до недела 12 октомври) во нашата Република Македонија и тоа под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Особено во Повардарието и во источните предели повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.
И во Скопје и околината следува период на стабилно и суво време со повеќе сончеви периоди. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.
Наутро ќе биде ладно со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени а во Скопје и околината минималната температура ќе се спушта до околу 8 степени. Преку ден ќе имаме мало затоплување на времето со максимални температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен а во Скопје и околината максималната температура ќе се искачува до околу 20 степени.
Пред нас е период на стабилно и на суво време со повеќе сончеви периоди а преку ден ќе имаме и мало затоплување на времето. Сепак, утрата ќе бидат ладни со што наутро ќе ни биде потребна и топлата облека а ќе биде потребно и греењето во домовите особено во вечерните и во утринските часови.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by