Викендов променливо и попријатно време, ќе имаме и изолирани врнежи!
За време на викендов (сабота и недела 16/17 август) времето во нашата Република Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со малку попријатни температури на воздухот, односно тие ќе бидат пониски за разлика од оние температури кои ги имавме во изминатиот период. Во попладневните часови ќе има развој на изолирана нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за појава на краткотрајно невреме.
И во Скопје и околината викендов времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината има помали услови за појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Повремено ќе засилува ветер од североисточен правец, особено денес (сабота 16 август).
Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 20 степени, додека максималните температури викендов ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени. Во Скопје и околината минималната температура ќе се спушта до околу 17 степени а максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 33 и 35 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Она што е најново на прогностичките материјали е тоа дека од 13 Јуни 2026 на Балканот и во Македонија е на повидок голема температурна аномалија и голем пад на температурите, невообичаен за месец јуни. Покрај ова би имале и пообилни врнежи и типично есеонско време во јуни, кога веќе е започнато и климатолошкото лето.
Балкан / Занимливости / Македонија / Прогноза


by