ВИКЕНДОВ ПОВТОРНО МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ПОД ВЛИЈАНИЕ НА НОВ ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Температурите ќе се искачат до околу 38, 39 степени
Викендов времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Повторно температурите ќе бележат тенденција на пораст, и тоа поради нов продор на топол бран од Африка.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 38, 39 степени. Во Скопје температурата ќе се движи во интервалот помеѓу 35 и 38 степени.
Ув индексот за време на викендов ќе има многу висока вредност и ќе има коефициент помеѓу 8 и 9.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден во Македонија помина во знакот на стабилно, суво, сончево и релативно свежо време. Во утринските часови по котлините имаше појава на магла или ниска облачност, која во текот на денот се расчисти. На табелата можете да ги погледнете денешните максимални температури во Македонија, измерени попладнево до 16 часот, и тоа на мерните станици на УХМР. Можеме да [...]