Викендов ни следуваат многу врнежи, силен ветер и големо заладување!

Под влијание на циклонска активност со центар југозападно од нас, односно над Јонското море, за време на овој викенд во нашата Република Македонија насекаде ќе имаме врнежи од дожд, и тие на повеќе места ќе бидат обилни и поројни и проследени со локална појава на грмежи. Можни се  и поинтензивни атмосферски процеси, во форма на невреме.

И во Скопје  и околината овој викенд ќе имаме пообилни врнеи од дожд, проследени со повремено засилен ветер од северен правец.

На повеќе места во нашата Македонија до понеделник (26 мај) наутро ќе наврне значително количество на воден талог (од 20 до 50 литри на метар квадратен дожд, локално и до околу 60 литри дожд на метар квадратен).

Ќе дува повремено засилен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).

Утре (недела 25 мај) поради продор на многу поладен воздух од север и од североисток, температурите значително ќе опаднат и ќе се искачуваат во интервалот само од 1о до 18 степени. Во Скопје максималната температура утре (недела 25 мај) ќе се искачи до околу 15 степени.

Поради падот на температурите, на високите планини со надморска височина од над 1600/1700 метри ќе има повремени врнежи од снег.







Занимливости