Викендов ни следува максимумот на овој топлотен бран од Африка – Температури до 37 степени!

Под влијание на многу топла воздушна маса која продира од Африка кон нашата Република Македонија, викендов времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за сосема ретка појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени, додека во Скопје  и околината температурата ќе се искачи до околу 36/37 степени.

УВ ИНДЕКСОТ ќе има многу висока вредност и ќе изнесува коефициент 8.

Опаѓање на температурите на воздухот и слабеење на овој топол бран од Африка ќе имаме уште од почетокот на следната седмица.







Занимливости

  • 21 Мај 2026

    Во следните денови продолжува периодот на топло и променливо време со сончеви периоди и постепен пораст на температурите. Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилност проследена со краткотраен дожд, грмежи и засилен ветер. ⛈️ Најголема можност за нестабилно време ќе има за време на викендот и почетокот на новата седмица, кога локално се можни поројни [...]