Викендов краткотрајно ќе имаме повеќе сонце и постабилно време!

Под влијание на малку потопла воздушна маса од југ, за време на овој викенд (сабота  и недела 2 и 3 август) во нашата Македонија краткотрајно ќе имаме постабилно и потопло време со повеќе сонце, а само изолирано ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд и со појава на грмежи.

Што се донесува до температурите на воздухот, тие за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. Во Скопскиот регион максималната температура викендов ќе се искачи до околу 35/36 степени. Исто така во нашата Македонија овој викенд повремено ќе засилува ветер од променлив правец.

Нова поголема дестабилизација на атмосферата со пороен дожд и грмежи во поголем дел од нашата Македонија ќе имаме во понеделник (3 август) кога температурите повторно ќе бидат во опаѓање.







Занимливости

  • 21 Мај 2026

    Под влијание на циклонска активност со центар југоисточно од нас, во деновите петок, сабота  и недела (22/23/24 Мај 2026) во Македонија повторно очекувам поголема дестабилизација на атмосферата. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно на повеќе места со појава на пороен дожд, грмежи и со засилен ветер од северен и од североисточен правец. Локално атмосферските процеси [...]