Викендов краткотрајно ќе имаме повеќе сонце и постабилно време!
Под влијание на малку потопла воздушна маса од југ, за време на овој викенд (сабота и недела 2 и 3 август) во нашата Македонија краткотрајно ќе имаме постабилно и потопло време со повеќе сонце, а само изолирано ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд и со појава на грмежи.
Што се донесува до температурите на воздухот, тие за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. Во Скопскиот регион максималната температура викендов ќе се искачи до околу 35/36 степени. Исто така во нашата Македонија овој викенд повремено ќе засилува ветер од променлив правец.
Нова поголема дестабилизација на атмосферата со пороен дожд и грмежи во поголем дел од нашата Македонија ќе имаме во понеделник (3 август) кога температурите повторно ќе бидат во опаѓање.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во нашата Република Македонија ни донесе малку повисоки минимални температури на воздухот а полека од запад и од северозапад облачноста ни се зголемува. Претежно е тивко и без некој изразен ветер. На табелата можете да ги видите денешните минимални температури измерени по градови и места во нашата Македонија до 7 часот утрово и тоа на мерните станици [...]


				
				
				
 by