Новата работна недела ја започнуваме со поладно и врнежливо време
Од северозапад преку Алпскиот регион кон територијата на нашата Република Македонија ни доаѓа влажен и поладен воздушен бран кој во понеделник попладне и навечер како и во текот на ноќта кон вторник и во вторник (4 ноември) ќе услови да имаме повремени локални врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат пообилни и ќе наврнат околу 15 литри на метар квадратен дожд. Особено во вторник (4 ноември) ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец.
Со овој бран на врнежи, повремени локални врнежи од дожд ќе има и во Скопје и околината и истите во вторник (4 ноември) ќе бидат проследени со умерен повремено засилен ветер од северен правец. Исто така ќе има услови и за ретка појава на грмежи.
Поради падот на температурите во вторник (4 ноември) на највисоките места на планините Пелистер, Шар Планина, Кораб и Солунска глава ќе има услови за провејување на снег. Во вторник (4 ноември) температурите ќе бидат пониски поради продорот на поладниот воздух од северозапад и максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени а во Скопје и околината максималната температура ќе се искачи до околу 12 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во утринските часови од денешниот ден среда 3 Јуни 2026 во Македонија имаме ведро време со појава на мала до умерена локална облачност и имаме релативно високи температури, односно пријатно време ова утро и без некој изразен ветер. Од запад полека ни се приближуваат малку повеќе облаци. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени низ Македонија во [...]


by