Викендов ќе ни биде ладен во нашата Македонија, локално ќе провејува и снег
Под влијание на релативно ладна воздушна маса која од север се спушта кон нашата Македонија за време на викендов времето кај нас ќе биде променливо облачно и релативно ладно со сончеви периоди и со повремено и локално провејување на снег на планините над 1000 метри надморска височина. Слабо провејување на снег повремено ќе има и на местата со надморска височина од под 1000 метри особено во западните и во северните предели од нашата Македонија. Тоа значи дека слабо провејување на снег викендов ќе имаме локално и во повисоките населени места. Повремено ќе засилува ветер од северен правец.
Во Скопје и околината исто така времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. На околните планини ќе има услови за сосема слабо провејување на снег.
Што се однесува до температурите тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени а преку ден температурите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 12 степени а во Скопје и околината температурата наутро ќе се спушта до околу 3 степени а преку ден таа ќе се искачува до околу 8 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by