ВИКЕНДОВ ЌЕ БИДЕ МНОГУ ТОПЛО: Температурите одат до 40 степени!
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка, за време на овој викенд (сабота и недела 19/20 јули) времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со појава на мала до умерена локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од променлив правец, особено во недела (20 јули).
И во Скопје и околината за време на овој викенд (сабота и недела 19/20 јули) времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од променлив правец, особено во недела (20 јули).
Што се однесува до температурите, тие насекаде ќе надминуваат 30 степени, а на повеќе места тие ќе се искачат и до околу 35 степени, додека во Повардарието температурите ќе се искачат до околу 40 степени. Во Скопскиот регион температурата овој викенд ќе се искачи до околу 38/39 степени.
Ув индексот ќе има многу висока до екстремно висока вредност и ќе изнесува 9. Апелирам, поради топлиот бран овој викенд, но и поради многу високиот Ув индекс особено возрасните граѓани доколку не мораат да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) но и да пијат повеќе течности.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во нашата Македонија ни донесе невообичаено ладно време за овој период од годината со зголемена облачност на повеќе места. Температурите ова утро беа под просекот за овој период од годината па така најладно до 8 часот утрово беше во Берово со измерена температура од -2 степени. На табелата можете да ги видите температурите измерени ова утро во [...]