Зима во октомври: Балканот мрзне, во Србија измерени дури -4 степени

Денешното утро низ целиот регион донесе многу ладно време, невообичаено за овој период од годината  и со температури кои се под просекот. Времето е стабилно и суво насекаде на Балканот, а на многу места температурите се спуштија до околу, па дури и под нула степени. Токму поради ова во повеќе делови од регионот има и  појава на утрински мраз  и слана.

На метеоролошката карта можете да ги видите температурите во овие моменти ширум Балканот. Најладно е во Сјеница во соседна Србија со измерени дури -4 степени. Минусни температури се мерат  и во повеќе повисоки и планински места во регионот. Појава на мраз  и на слана има  и во делови од ниските места низ Балканот.







Занимливости