ВИКЕНДОТ КОЈ ШТО ДОАЃА ЌЕ ДОНЕСЕ МНОГУ СВЕЖИ УТРА: Температурите ќе бидат потпросечни, а ќе се спуштат и до 3 степени
По циклонската активност со центар над Медитеранот, која на многу места низ Македонија ќе донесе врнежи, грмежи и локално невреме, следува поголемо освежување на времето и потпросечни температури на воздухот.
За време на викендот кој што доаѓа условите за нестабилност значително ќе се намалат, но наутро температурите ќе бидат многу пониски за разлика од сега. Тие ќе се спуштаат во интервалот дури од 3 до 9 степени.
На високите планини на запад и на северозапад од државава тие ќе се спуштат и до околу 0 степени, со што е можна појава и на слаб мраз.
Најава за некое поголемо затоплување на времето, но и за летни температури засега нема на повидок.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Како што претходно најавив, пред нас е ладна ноќ, а и утрешното утре (петок 21 март) ќе биде ладно со појава на умерено до јаки мразеви, и со температури кои буквално насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата. Времето ќе биде целосно ведро и без облачност, како и претежно тивко. Н следната метеоролошка карта можете да ги погледнете [...]