Викенд Метео анализа: Се очекува опаѓање на температурите, како и северен ветер!
За време на овој викенд, под влијание на северно воздушно струење, очекуваме опаѓање на утринските и на дневните температури на воздухот, но сепак, и понатаму времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност.
Во сабота, особено Долж Повардарието повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.
И во Скопје и околината за време на овој викенд ќе имаме слично време. Во сабота повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите, наутро, особено во недела ќе биде значително постудено со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 11 степени, додека максималните дневни температури на воздухот за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени, што значи дека ќе бидат пониски за 3 до 5 степени во однос на оние кои ќе ги имаме овие два дена.
Во Скопје температурата за време на викендот ќе се искачува до околу 23 степени, додека наутро, особено во недела ќе биде значително постудено со минимална температура која ќе се спушти до околу 6 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by