ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Само за на скара и прошетка во природа – Температури до околу 25 степени!
За време на овој викенд (сабота 8 март и недела 9 март) продолжува вистинското пролетно време, со натпросечно високи температури на воздухот за овој период од годината. Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени, додека во Повардарието температурите се очекува да се искачат и до околу 25 степени.
Во Скопје и околината ќе имаме слично време, а тоа е сончево и натпросечно топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата се очекува да се искачи до близу 25 степени.
Ваквото време е поради влијанието на топлата воздушна маса која од југ продира кон нашата Македонија и целиот регион.
Ваквото време кое го очекуваме овој викенд, можете да го искористете за прошетка или за правење скара во природа и за уживање.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by