Уживајте во сонцето уште викендов, потоа доаѓаат многу врнежи
Стабилното, суво и сончево време со ладни утра и топли денови ќе се задржи уште викендов. Веќе од понеделник облачноста ќе се зголемува а од ноќта кон вторник ќе ни започнат и обилни врнежи од дожд проследени со засилен до силен ветер од јужен правец.
Температурите викендов на многу места ќе се искачат до околу или ќе надминат 15 степени а во централните и во југоисточните предели температурата ќе се искачи до околу 20 степени. Тоа значи дека викендов ќе имаме температури над просекот за месец ноември.
Се на се, Антициклонот, односно полето со висок воздушен притисок полека ќе слабее а веќе од ноќта кон вторник ќе подпаднеме под влијание на циклонска активност со центар над Џенова која како што претходно кажав ќе услови да имаме многу врнежи и силен јужен ветер. Токму околу ова во следните мои метео објави следува детална метео анализа и актуелно МетеоАларм предупредување.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Облачно со релативно високи температурите е денешното утро во нашата Македонија а локално се бележат и послаби врнежи од дожд а само на високите планини во западните предели провејува снег. Најмногу дожд до 3 часот утрово има наврнато во Гевгелија и тоа 15 литри дожд. На првата метеоролошка карта можете да ги видите температурите измерени во овие утрински часови [...]


by