УЖИВАЈТЕ ДОДЕКА МОЖЕТЕ: Натпросечно високите температури ќе се задржат и оваа работна недела!
Под влијание на стабилна, сува и релативно топла воздушна маса од југ, која условува натпросечно високи максимални дневни температури на воздухот, ќе се задржи и во текот на оваа работна недела. Времето ќе биде сончево, повремено со појава на мала локална облачност.
Само во среда попладне ќе има услови за слаб локален и краткотраен дожд. Повремено ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во утринските часови пак по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и на ниска облачност.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени, додека во југоисточните предели, особено денес и утре максималната температура ќе се искачи околу 26, 27 степени. Во Скопскиот регион ќе имаме слично време како и во останатиот дел од Македонија. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 22 и 26 степени.
Што се однесува до температурите наутро, тие до средината на неделава ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 2 и 8 степени, а потоа постепено ќе опаѓаат.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by