Утрински температури невообичаени за Мај, измерен е само 1 степен
Денешното утро во Македонија Четврток 14 Мај 2026 донесе ведро време со мала локална облачност а беше и невообичаено свежо за месец мај со подпросечни температури на воздухот. Најладно ова утро беше на Попова Шапка со измерен само 1 степен.
Од градовите во Берово се измерени најниски 5 степени, а и во повеќето градови ова утро се измерени исто така 5 степени.

На табелата која утрово ја објави УХМР можете да ги видите измерените минимални температури по градови и места во Македонија до 8 часот утрово како и наврнатото количество на дожд во литри на метар квадратен во изминатите 24 часа исто така до 8 часот утрово, и тоа на мерните станици на УХМР.
Да напоменам дека утрово немаше некој изразен ветер што значи дека брзината на ветерот во Македонија кој го имаше изминативе денови е значително намалена.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by