Утре (вторник) брз влажен и ладен бран ќе ја зафати нашата Македонија
Утре (вторник (21.1.2025) од југозапад над Македонија ќе помине еден брз влажен и поладен воздушен бран, поладниот воздушен бран секако ќе се спушти од север. Во склоп со овој влажен бран од југозапад, ќе има послаби врнежи кои на пониските места (градовите) ќе бидат од дожд или повремено од дожд и снег, додека на повисоките, планинските места, како и на Скијачките центри ќе има врнежи од снег.
Врнежи со малку поголем интензитет, односно со умерен интензитет ќе има во западните предели од Македонија. По котлините ќе продолжи да има магла и намалена видливост, особено густа магла ќе има во ноќните и во утринските часови.
Во Скопје и околината ќе има услови за сосема слабо проврнување на дожд, а поради маглата која се очекува во ниските предели од котлината, можна е појава и на замрзнат дожд, но како што напоменав од локален и многу слаб интензитет.
Што се однесува до температурите, тие утре (вторник) наутро ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 3 степени, во Скопје до околу -2 степени, а максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степениж, во Скопје максималната температура утре (вторник) ќе се искачи до околу 4 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Територијата на Македонија во изминатите 24 часа до 8 часот утрово 22 април 2026 среда се наоѓаше под влијание на ладен атмосферски фронт кој се спушта од север и истиот услови над нашиот дел од Европскиот Континент да се формираат големи влажни воздушни кои насекаде условија да имаме врнежи од дожд повремено обилни особено и најобилни врнежите беа во [...]


by