Утре (петок) краткотрајна стабилизација на времето, но и поголем пораст на температурите
Утре кај нас во Македонија очекуваме краткотрајна стабилизација на времето, иако ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.
Сепак и покрај ова, во попладневните часови не се исклучува можноста за изолирана нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Утре преку ден температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.

Од сабота веќе, и тоа кон крајот на денот и во текот на ноќта кон недела, влегуваме во нов период на многу нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи, силен ветер и невреме.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро 1 Мај 2026 петок во поширокиот дел од Балканот е исклучително и невообичаено ладно за овој период од годината. Исто така исклучително ладно ова утро е и во Македонија. Инаку, територијата на целиот Балкан како и на Македонија се наоѓа под влијание на многу ладна воздушна маса која се спушта директно од Арктикот кон нашиот дел од [...]
Балкан / Занимливости / Македонија / Прогноза

by