ЕКСТРЕМНО ЛАДНО УТРО НА БАЛКАНОТ: Први Мај оваа 2026 година зимски
Денешното утро 1 Мај 2026 петок во поширокиот дел од Балканот е исклучително и невообичаено ладно за овој период од годината. Исто така исклучително ладно ова утро е и во Македонија. Инаку, територијата на целиот Балкан како и на Македонија се наоѓа под влијание на многу ладна воздушна маса која се спушта директно од Арктикот кон нашиот дел од Европскиот Континент.
Ова утро во најголем дел од Балканот времето е ведро и со појава на утрински мразеви а сеуште умерена локална облачност има кај нас во Македонија. Повремено дува засилен ветер од северен правец.
На високите планински места во Македонија како што е Голем Кораб и Титов Врв температурата ова утро се спушти дури до – 9 степеи.

Крушево ова утро мери температура од -2 степени, Маврово и Берово ова утро мерат -1 степен. Инаку во најголем дел од Македонија како што можете да видите на метеоролошката карта ова утро температурите се близу 0 степени а на повеќето места, особено оние повисоки населени места и на планините има појава на утрински мразеви.

Во поширокиот дел од Балканот како што кажав и претходно ова утро имаме минусни температури и појава на утрински мразеви кој особено изразени се на високите места и на планините каде во Горски Котар во Хрватска температурите ова утро се спуштија до околу па и под -5 степени. На високите планински места пак во Босна температурата ова утро исто така се спушти до -9 степени.
На Кредарица пак во Словенија температурата ова утро се спушти до -7 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by