Пред нас уште едно зимско утро во мај со појава на мразеви и на слана
Денот сабота 2 Мај 2026 во Македонија ни носи исклучително ладно и зимско утро, невообичаено за самиот почеток на месец мај и со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, особено на оние повисоки населени места и на планините па така во ваква ситуација очекувам и појава на утрински мразеви и на слана. Утре наутро температурата во Македонија ќе се спушта во интервалот од -4 до 6 степени во најтоплите југоисточни предели. Времето ќе биде ведро со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец.
Преку денот пак сабота 2 Мај 2026 времето ќе биде променливо облачно и свежо со сончеви периоди и со умерен до повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец. Особено во пладневните и во попладневните часови ќе има појава на повремени локални врнежи од дожд а на планините над 1500/1600 метри надморска височина ќе провејува снег. Ќе има услови и за ретка појава на грмежи.
Во Скопје и околината утре наутро сабота 2 Мај 2026 температурата ќе се спушти до близу 0 степени. Преку денот времето ќе биде променливо облачно и свежо со сончеви периоди и со услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец.
Максималните температури во Македонија и утре ќе бидат под просекот за самиот почеток на месец мај и тие ќе се искачуиваат во интервалот од 10 до 18 степени а во Скопје и околината максималната температура утре ќе се искачи до околу 17 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Вторник 19 Мај 2026 во Македонија ни донесе тмурно, облачно и посвежо време на повеќето месата со температури кои се под просекот за месец Мај. Во западните и во југозападните предели уште од утрово имаше локални врнежи од дожд. Најмногу дожд во изминатите 24 часа до 8 часот утрово наврна во Охрид и тоа 4 литри на [...]


by