Топол Антициклон над Македонија: Денес температурата надмина 20 степени
Денешниот ден во Македонија 3-ти март 2026 година вторник беше натпросечно топол и сув со појава на мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб ветер од променлив правец. Инаку територијата на Македонија периодов се наоѓа во поле на висок воздушен притисок (Антициклон) и на релативно топла воздушна маса од југ која условува релативно високи температури на воздухот за овој период од годината.
Темпеатурите на многу места денес во Македонија надминаа 15 степени а во Гевгелија денес максималната температура до 16 часот се искачи дури до 21 степен.

На табелата која попладнево ја објави УХМР можете да ги видите максималните дневни температури на воздухот измерени попладнево до 16 часот по градови и места во Македонија и тоа на мерните станици на УХМР.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by