ТОПЛОТНИОТ БРАН ОД АФРИКА ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ ЌЕ ЗЕМА ЗАМАВ: Повторно температурите ќе пораснат до околу 40, 41 степен

Топлотниот Африкански бран во следните денови ќе зема замав во Македонија и во регионот. Токму ова, особено за време на викендот ќе предизвика повторно да имаме екстремно топло време кога во централните  и во југоисточните предели од Македонија, како и во Скопската котлина очекуваме температури и до 40, 41 степен.

Ув индексот останува многу висок со вредност 8, а повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено Долж Повардарието.

Температури од околу, па и од над 40 степени во следните денови очекува и регионот, што значи дека целиот Балкански Полуосторв ќе биде под влијание на овој екстремно топол Африкански бран.

Според моменталните прогностички материјали со кои располагаме, овој топлотен бран од Африка ќе се задржи и следната седмица.








Занимливости

  • 10 Јул 2025

    По екстремно високите летни температури, делови од австриските Алпи повторно се покриени со снег. Во планинските региони се регистрирани обилни снежни врнежи, при што на повисоките места падна од 30 до 80 сантиметри свеж снег. Најмногу снег падна во Зилерталските Алпи, како и во групите Глокнер и Венедиџер, на надморска височина околу 2800 метри. Во комбинација со силните северни [...]