Топлотниот бран од Африка кај нас го достигна својот максимум!
Денес (недела 8 јуни) како и што претходно најавив, во Македонија беше најтоплиот ден досега оваа година. Највисока максимална температура денес е измерена во Скопје Петровец, и тоа 37 степени. Нашата територија денес (недела 8 јуни) се наоѓаше под влијание на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка, и овој топлотен бран од Африка го достигна својот максимум.

На метеоролошката карта можете да ги видете денешните максимални температури измерени низ Македонија.
Времето денес беше стабилно, суво и претежно сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by