ТОПЛОТНИ БРАНОВИ: До кон крајот на август ќе имаме многу топло време!
Според она што можам моментално да го кажам и изјавам за јавноста е тоа дека барем според моменталните излези на најажурните прогностички модели (Европскиот модел ECMWF и Глобалниот модел GFS) во најголемиот дел од август месец продолжуваат топлотните бранови, односно, постојано ќе бидеме под влијание на топол воздух од југ, односно од Африка, и тоа најмалку до 20 август, а топлиот бран ќе продолжи најверојатно до околу 25 август, по што следува големо освежување на времето како и голем пад на температурите на воздухот.
Што се однесува до времето, ќе биде претежно стабилно, суво и сончево во остатокот од овој месец, меѓутоа, повремено ќе има локален развој на краткотрајна нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Барем според моменталните анализи, некои озбилни врнежи не треба да очекуваме и во остатокот од овој месец. Температурите во остатокот од месецов остануваат многу високи, па така тие речиси насекаде ќе надминуваат 30 степени, а на повеќе места тие ќе се искачуваат до околу па и над 35 степени.
Во Повардарието температурите и понатаму ќе се искачуваат до околу 40 степени.
Многу топлото време продолжува и во остатокот од регионот, што значи дека топлиот бран од Африка ја зафаќа цела јужна и југоисточна Европа. Релативно топло ќе биде и во ноќните како и во утринските часови, а особено во Повардарието ќе имаме и тропски ноќи, а тоа значи дека температурите не треба да се спуштат под 20 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by