Топлотен бран во Европа и на Балканот во февруари: Температурите одат над 20°C
Крајот на февруари во цела Европа и на Балканот ни носи топол бран кој продира од југ а во исто време ќе бидеме и под влијание на висок воздушен притисок (топлотен Антициклон) кој ќе условува да имаме стабилно време, многу сонце и невообичаено високи температури на воздухот кој на повеќето места низ Европскиот Континент ќе се искачат до околу 20 степени а во југозападна Европа тие очекувам да се искачат дури до 25 степени и токму таму ќе биде најтопло.

Кај нас во Македонија исто така крајот на февруари ни нови невообичаено топло време со температури кои ќе се искачат до близу 20 степени особено во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија. Времето ќе биде стабилно, суво и со многу сонце. Сепак наутро и понатаму ќе биде релативно ладно со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат за неколку степени под нулата.

Температурите во поголем дел од Европскиот Континент ќе бидат повисоки од просечните за околу па дури и за повеќе од 10 степени. Се на се, пред нас е навистина пролетно време со пролетни температури на воздухот кое доколку се задржи подолг период ќе предизвика и постепено будење на природата.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]

by