Топлотен Африкански бран во Македонија: Следните денови температури и до 40 степени, како и висок Ув индекс!

објавено на:

20 Авг 2023

од:

сподели:

Под влијание на многу топла и стабилна воздушна маса од југ (северна Африка), од денес, па во следните шест до седум дена времето во Македонија ќе биде претежно сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Сепак ќе биде ветровито овие неколку денови, односно ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Наутро температурите на повеќе места ќе останат околу, па и над 20 степени, додека максималните дневни температури на воздухот ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интевалот од 31 до 40 степени.

Во Скопје и околината ќе биде многу топло со ветер од северен правец, и истиот повремено ќе биде засилен на интензитет. Минималната температура ќе се спушта во интервалот помеѓу 19 и 21 степен, додека максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 35 и 37 степени.

Следните ноќи кај нас, и тоа особено во централните и во југоисточните предели, како и во Скопската котлина ќе бидат “Тропски”, кога температурите нема да паѓаат под 20 степени.

Ув индексот ќе има многу висока вредност, (вредност 8). Токму поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат што повеќе течности.

НАПОМЕНА: Овој топлотен бран и не е толку екстремно топол како првиот, кога имавме екстремно високи температури од над 40 степени, и екстремно висок Ув индекс кој имаше вредност 10.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости