Територијата на Македонија останува под влијание на топлиот бран од Африка!
Во текот на оваа седмица тириторијата на нашата Република Македонија и понатаму останува под влијание на многу топлата воздушна маса која продира од југ, односно од Африка. Времето ќе биде сончево и многу топло со појава на мала локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец кој повремено ќе засилува на интензитет.
Во Скопје и околината во текот на оваа седмица исто така ќе имаме сончево и многу топло време со појава на мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец кој повремено ќе засилува на интензитет.
Што се однесува до температурите, тие до петок (15 август) насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието температурите ќе се искачат и до околу 40 степени. Во Скопје и околината исато така температурата ќе се искачува до близу 40 степени. Во петок (15 август) како и за време на викендот ќе имаме малку пониски температури, и та за 3 до 4 степени тие ќе бидат пониски во споредба на оние температури кои ги имаме сега.
Апелирам поради топлиот бран од Африка, граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) но и да пијат повеќе течности.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Според она што можам да го кажам со најновото ажурирање на прогностичките материјали е тоа дека околу и по Водици Македонија ќе влезе во нов влажен и ладен период. Во ваква ситуација повторно очекувам појава на врнежи, повремено пообилни и тие ќе бидат од дожд и од снег а повремено ќе врне и само снег и очекувам ново формирање [...]


by