Температури до 39 степени, нов топол бран од Африка доаѓа во Македонија!

Под влијание на Сутропски Антициклон, односно на многу топла воздушна маса од Африка и поле на висок воздушен притисок, во периодот од (понеделник 30 јуни) до (петок 4 јули) времето во нашата Република Македонија ќе биде многу топло и сончево со појава на сосема мала локална облачнот.

Повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено во понеделник и во вторник. И во Скопскиот регион во погоре споменатиот период следува многу топло време со многу сонце  и со повремено засилување на ветерот од северен правец, особено во понеделник и во вторник.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени, додека во Скопје температурата ќе се искачува помеѓу 38 и 39 степени.

Ув индексот ќе има многу висока вредност  и ќе изнесува 9.








Занимливости

  • 10 Јул 2025

    По екстремно високите летни температури, делови од австриските Алпи повторно се покриени со снег. Во планинските региони се регистрирани обилни снежни врнежи, при што на повисоките места падна од 30 до 80 сантиметри свеж снег. Најмногу снег падна во Зилерталските Алпи, како и во групите Глокнер и Венедиџер, на надморска височина околу 2800 метри. Во комбинација со силните северни [...]