СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Започнуваат врнежите од дожд, во повисоките населени места и на планините тие ќе преминат во снег!
Под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, која е во склоп со висинскиот циклонски систем кој се наоѓа западно и југозападно од нас, до крајот на денешниот ден (четврток), како и утре (петок) времето во Македонија ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, додека на планините, како и во повисоките населени места, особено во западните и во северните предели од државава поради дополнителното заладување на времето врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, со што ќе се формира нова снежна покривка.
За време на овој бран на врнежи локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 литри на метар квадратен). Особено утре (петок) повремено ќе дува засилен ветер од северен правец, најизразен Долж Повардарието.
И во Скопскиот регион денес (четврток), како и утре (петок) ќе има повремен дожд, кој повремено ќе биде пообилен, додека на околните планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег. Особено утре (петок) повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени. Во Скопје максималната температура ќе се искачи до околу 9 степени.
За време на викендот пак ќе имаме разведрување на времето и стабилно и суво време, но со значително постудени утра и со појава на мраз. Тогаш во утринските часови температурите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 3 степени, што значи дека во најголем дел од Македонија тие ќе се спуштаат под нулата. Во Скопје за време на викендот исто така се очекува разведрување со утрински температури кои ќе се спуштаат до околу -2 степени.
Максималните дневни температури на воздухот пак за време на викендот кај нас ќе се искачуваат во интервалот од 7 до ѝ13 степени. Во Скопје максималната температура за време на викендот ќе се искачува во интервалот помеѓу 11 и 12 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во текот на оваа ноќ и утре (Вторник 11 ноември) во претпладневните часови на повеќе места во нашата Македонија продолжуваат врнежите од дожд а исто така од север ќе продре поладен воздух проследен со северен ветер кој повремено ќе биде засилен на интензитет. Поради падот на температурите на високите планински места (над 2000 метри надморска височина) ќе има провејување [...]


by