СОСТОЈБАТА ВО РЕГИОНОТ Е АЛАРМАНТНА: Доаѓа ново Суперќелиско невреме!
Како да е малку страшното невреме кое го зафати регионот на 19 овој месец, како и во текот на вчерашниот ден, и истото однесе неколку човечки животи, а повеќе граѓани беа повредени, попладнево и во текот на претстојната вечер и ноќ во Словенија, најголемиот дел од Хрватска, северните и источните предели на Босна и Херцеговина, како и северните, но и западните предели од соседна Србија му се заканува ново Суперќелиско невреме.
Во овие предели заедно со ова ново невреме од појави се очекуваат интензивни врнежи од дожд, силни грмежи и громови, разорен ветер, како и крупен град кој може да направи многу штети. Штети секако дека се очекуваат поради очекуваното ново силно невреме во споменатите предели и држави.
На граѓаните, особено на македонските државјани кои се наоѓаат токму таму им препорачуваме крајно да бидат внимателни и да не излегуваат надвор додека трае невремето.
И ова најново Суперќелиско невреме за голема среќа повторно нема да ја зафати нашата Македонија, граѓаните да бидат спокојни.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by