СНЕЖНИ ВЕЛИГДЕНСКИ ПРАЗНИЦИ: За Велигден вистинско зимско време
Според од она што можам да го кажам во јавноста е тоа дека прогностичките модели упорно ни цртаат нагла и голема промена на времето за Велигденските празници во Македонија. Од 10 април (Велики петок) а особено на 11 април (Велика сабота) ќе дојде до продор на многу поладен воздух од север и формирање на снежен бран над Македонија кој би условил обилни врнежи од снег и исклучително ладно време. Исклучително ладно време барем одсега гледано прогностичките модели цртаат и на 12 април ден Велигден.
Секако дека промени околу ова можно сценарио се можни и искрено се надевам на промени и дека токму ова сценарио нема да ни се случи зошто и тоа како не ни е потребно сега. Конечна метео анализа за тоа какво време не очекува за Велигденските празници и на ден Велигден ќе објавам во следните неколку денови. Исто така јас постојано со секое ново ажурирање на прогностичките модели ќе ве информирам за состојбата на прогностичките модели за Велигденските празници и за ден Велигден.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by