СЛЕДУВА СУВ СТУД: Температурите ќе паднат под -10 степени, ќе дува и силен северен ветер (над 60 км/час)!
За време на овој викенд, како и во првите денови од следната седмица, под влијание на студена воздушна маса од север температурите повторно ќе бележат тенденција на значително опаѓање и наутро ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени, но тие понекаде ќе се спуштат и под -10 степени, особено во првите денови од следната седмица.
Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен правец, кој ќе биде најизразен Долж Повардарието и во источните предели од државава каде повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час.
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а локално ќе провејува и слаб снег.
Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 8 степени. Во Скопје и околината ќе имаме слично време, променливо облачно и студено со сончеви периоди и со засилен ветер од северен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -5 и 0 степени, а максималната температура ќе се искачи до околу 7 степени.
- До самиот крај на овој, како и во почетокот од следниот месец некои нови обилни врнежи од снег не се очекуваат.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by