Следува стабилизирање на времето, но и продор на топол воздух од Африка!
Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, од утре (четврток 7 август) па се до следниот петок (15 август) времето во нашата Република Македонија ќе биде стабилно, суво, сончево и топло со појава на мала локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од источен и од североисточен правец.
Во Скопје и околината во погоре споменатиот период исто така ќе имаме стабилно, суво, сончево и топло време со појава на мала локална облачност. Повремено ќе засилува ветер претежно од источен и од североисточен правец. Поради влијанието на споменатата топла воздушна маса од југ, односно од Африка, температурите ќе бележат тенденција на значителен пораст.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, во Скопје и околината максималната температура на воздухот ќе се искачува до околу 36/37 степени.Пред нас се значителни топли и повторно стабилни и суви денови, тоа значи дека и понатаму ќе уживаме во летото и во летните температури, но без некои екстремни горештини.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Камчатка, Русија – Ситуацијата со снегот во рускиот регион Камчатка оваа зима е оценета како екстремна, откако рекордни снежни врнежи целосно ги затрупаа градовите и населбите. На социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии на кои се гледаат згради закопани до прозорците, улици претворени во снежни тунели и автомобили кои едвај се забележуваат под дебели слоеви снег. Камчатка буквално [...]
Занимливости / Прогноза / Свет


by